17 Мај, 2024
0.0393

Gorenje предлага 5 совети за чистење без хемикалии за блескава рерна

Објавено во: Мои пари 26 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Рерната го претставува срцето на секоја кујна, неопходна за создавање јадења што ги прави деновите подобри, а семејните собири уште пополни со радост. Но, иако готвењето внесува толку многу светлина во нашите денови, постои една друга страна која често се занемарува: отстранувањето на тврдокорната маснотија, нечистотијата, истурањето и застоените мириси, што брзо може да ја намали радоста на готвењето. За оние кои претпочитаат да не поминуваат часови во чистење или во вдишување на грубите хемиски средства за чистење, Gorenje собра идеи како да се одржува рерната беспрекорно чиста, без употреба на хемикалии, заштедувајќи ви и време и труд.

Совет 1: Направете паста за чистење со мешање на сода бикарбона и вода, сè додека не се постигне конзистентност, така што оваа паста ќе може да се намачка на површината на рерната. Премачкајте ја внатрешноста на рерната со оваа паста и оставете ја преку ноќ, за да се растворат нечистотијата и маснотијата. Следниот ден, едноставно избришете ја со сунѓер или со крпа, за да имате блескаво чиста рерна без употреба на јаки хемикалии.

Совет 2: Оцетот, моќен природен чистач, без напор ја раствора маснотијата и ги неутрализира мирисите. Подгответе раствор од еднакви делови оцет и вода во шише со распрскувач и обилно нанесете го растворот во внатрешноста на рерната. Почекајте неколку минути оцетот да ја разгради нечистотијата, а потоа нежно избришете со влажна крпа.

Совет 3: Како еден начин да ја исчистите нечистотијата од рерната, со природно средство што дава свежина, сокот од лимон е, исто така, одличен избор поради неговите природни киселини, одлични во разградувањето на маснотиите и нечистотијата. Едноставно, нанесете свеж сок од лимон во внатрешноста на рерната и оставете го да навлезе околу 20 минути во слојот од валканици. Потоа, нежното чистење со сунѓер или со четка, проследено со темелно плакнење, не само што ја чисти вашата рерна, туку таа и ќе мириса освежително на цитрус.

Совет 4: Користете ја функцијата за чистење со вода (AquaClean) на вашата Gorenje рерна за да обезбедите беспрекорно чиста рерна користејќи само вода – не е потребно чистење со триење. Истурете половина литар вода во еден плех за печење и активирајте ја функцијата за чистење со вода (AquaClean) на 30 минути, по секоја употреба на рерната. Без никаков изразит напор од ваша страна, дамките и маснотиите ќе омекнат, што едноставно ќе го олесни нивното бришење.

Совет 5: Може да ја користите и функцијата за самочистење во Gorenje рерната, односно функција за чистење со пиролиза (PyroClean), која го претвора чистењето на рерната од страшна обврска во апсолутна чувство на прошетка во парк. Користи екстремно високи температури кои ги претвораат маснотиите во пепел, кој потоа лесно се брише со крпа откако ќе се олади. За дополнителна безбедност, рерната се блокира за време и веднаш по процесот на чистењето.

Следете ги овие совети за чистење, за да ја отстраните нечистотијата и да уживате во повеќе слободно време и во поздрав дом. На крајот од краиштата, ако не користите хемикалии, чистата рерна ќе ви подари и чиста совест.

Одберете Gorenje рерна од моменталната пролетна промоција на Gorenje која трае до 31.03.2024 година или пак погледнете го целиот асортиман на вградни рерни на онлајн продавницата на Gorenje.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак