„Гордана единствена со 1 грам мозок“: еве што вели професорката Најчевска за претседателските кандидати
Објавено во: Македонија 22 Април, 2024
На само два дена пред Претседателските избори, професорката Мирјана Најчевска, која важи за жесток критичар на властите, но и на опозицијата, објави свое мислење за претседателските кандидати кои ќе ја трчаат претстојната трка.
Од она што Најчевска го сподели на својот Фејсбук профил, повеќе од јасно кој е нејзиниот најприфтлив кандидат.
- Мое мислење за дебатата на претседателските кандидати:
Ниеден не е материјал за претседател.
1. Максим, Стевчо, Таравари се на ниво на градоначалници.
2. Бујар Османи е лажоман,гласноговорник на Косово со наполеонски комплекс.
3. Ванковска го поддржува Путин.
4. Пендаровски е обичен оговарач.
5. За жал, Гордана единствена со 1 грам мозок. - напиша Најчевска на Фејсбук.