26 Април, 2024
0.0279

Големо намалување на цените на прехрамбени продукти од денеска во Грција, поевтинуваат и рестораните

Објавено во: Економија 20 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Намаленото ДДВ од страна на грчката влада предводена од премиерот Алексис Ципрас од денеска стапува на сила и се очекува значително намалување на цените на над 50 прехрамбени категории во маркетите во Грција, меѓу кои доминираат оние за широка потрошувачка.

Станува збор за намалување на стапката на ДДВ од 24 отсто на 13 проценти на основните прехранбени производи, покрај намалувањето од 13 на 6 отсто на стапката за електрична енергија, гас и централно греење.

Се очекува големо намалување на цените на морските производи и риба, свеж и замрзнат леб и пецива, сол, оцет, супа, пире во прав, колачи, десерти и други кондиторски производи, цералии, подготвена храна, крекери, чипс, кафе, млечни кремови, зеленчук, маргарин, зачини, сушено овошје, мармалади, маслинки, корнишони, готови салати, семиња, житни култури, сладолед, мајонез, кечап, преливи, сосови, шеќер, доматно пире и други.

Намалената стапка на ДДВ од 13% се применува и за испорака на слатки, оброци и јадења за ресторани, слаткарници, таверни, угистителски објекти за брза храна, пицерии, кафулиња и слично,а ќе се однесува на компании за подготовка и дистрибуција на храна, супермаркети кои испорачуваат подготвени јадења, пекарници, сендвичарниц и фирми кои подготвуваат салати и други закуски.


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти