02 Мај, 2024
0.0308

ГОЛЕМ ПОЖАР БЕСНЕЕ НА МАВРОВО - поради непистапноста на теренот активиран хеликоптер

Објавено во: Македонија 13 Април, 2024

Добивај вести на Viber

На територијата на Националниот парк Маврово од вчера е активен пожар на поголема површина во кој се зафатени пасишта, смрека и папрат. 

Според последната информација која ја споделија од Центарот за управување со кризи (ЦУК) во текот на денот во гаснењето на огнот интервенираат пет лица вработени во Националниот парк, а ангажиран е и хеликопкер.

„За настанатата состојба известен е градночалникот на Општина Маврово-Ростуше и истиот известил дека поради непристапноста на теренот и лицата кои интервенираат во гаснењето на пожарот не можат да се справат со истиот, па поради тоа од негова страна  беше побарано до директорот на ЦУК, Ангелов, ангажирање воздухоплови за гаснење на пожарот. Хеликоптерот на МВР веќе дејствува, при што полни вода од Мавровско Езеро.“, извести ЦУК.

Според информациите од раководителот на Секторот за операции и координација во ЦУК, Горан Стојановски, освен во мавровско, посериозен пожар на отворен простор има и во тетовско, над Ѓермо на Шар Планина, каде што двата крака се изгасени и се дејствува да се изгаси и третиот крак во координација со ренџерите од Националниот парк ,,Шар Планина” и други сили според потребите и условите.

Можеби ќе ве интересира

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија