ГЛАДТА ЈА ПЛАТИЈА СО СУСПЕНЗИЈА: Како избега а како го фатија затвореникот од комбето
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2019
„Урнебесна сцена во Македонија-Затвореник го искористи гладот и им избега на полицијаците“ ...вакви и слични наслови ги обиколија медиумите во соседството откако се случи филмско бегство на затвореник од Идризово.
Затворските стражари грешката скапо ги чини бидејќи ќе ја платат со суспензија.
Имено, затвореникот го искористи попатното застанување на полициското комбе кое го враќаше од преглед на клиника во затворот Идризово.
38 годишниот Фидан Асани, избегал низ задната врата на комбито кога полицајците застанале да купат сендвичи на бензинската пумпа.
Сепак, не успеал да стигне далеку. Околу 17,30 часот тој е пронајден близу селото Пресница во Липково.
Директорот на полицијата соопшти дека поради непочитување на постапката и промена на рутата, полицајците ќе бидат суспендирани бидејќи затвореникот и не бил врзан и затоа што и нему најверојатно му купувале сендвич.
Меѓудругото, Асани не бил сам во комбито со него бил превезуван и друг затвореник а токму Асани важи за опасен .