17 Мај, 2024
0.0280

Гладен за луксуз: Еве на што троши пари севернокорејскиот лидер!

Објавено во: Стил 20 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун за само една година потроши 716 милиони долари, со што ја удвои годишната потрошувачка на неговиот покоен татко. Според податоците кои ги собрала комисија на Обединетите нации, младиот лидер е љубител на екстравагантниот вкус и на луксузниот начин на живот, а најмногу троши на автомобили и на пијана. Неговиот татко Ким Јонг Ил годишно трошел 333 милиони долари, додека Ким Јонг Ун во првата година по неговото доаѓање на власт потрошил 716 милиони долари. Истрагата на комисијата на Обединетите нации, која траеше цела година, покажала дека Ким Јонг Ун  за една година во земјата увезол десетици луксузни автомобили и десетици пијано-инструменти. Освен ова тој си изградил и личен театар со 1.000 седишта, наменет за неговите пријатели. Според податоците, севернокорејскиот лидер за да си го дозволи луксузот ги троши парите стекнати со продажбата на слонова коска и продажбата на алкохол за исламските земји. И додека лидерот се луксузира, податоците на Обединетите нации покажуваат дека Северна Кореја останува една од 34 земји во светот на кои се уште им е потребна надворешна помош за да се прехранат. Агенцијата за храна и земјоделство на ОН проценува дека 2,8 милиони луѓе во оваа земја се соочуваат со секојдневна борба со неисхранетост и недостаток на витални протеини и масти во храната.