26 Април, 2024
0.0288

ГИГАНТОТ БОИНГ МОРА ДА ГО ОДВРЗЕ ЌЕСЕТО: Милионски пенали поради ова

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Боинг во последните години имаше бројни предизвици и проблеми во бизнисот, пред сè, кога зборуваме за две несреќи, од 2018 и 2019 година, при што загинаа вкупно 346 патници.

Станува збор за модел од 737 MAX кој веднаш беше повлечен, а до неодамна работеше на својот софтвер. Исто така, донесена е одлука дека американскиот гигант мора да плати 2,5 милијарди долари поради овие авионски несреќи.

Најновата вест е дека Боинг, американски производител кој постои од 1916 година, се согласил да плати казна од 6,6 милиони американски долари откако регулаторот за авијација - Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА) - утврдил дека компанијата не го почитувала договорот за безбедноста за 2015 година .

Казната вклучува 5,4 милиони долари за непочитување на договорот во кој Боинг се обврза да ги менува своите внатрешни процеси заради подобрување, а исто така требаше да даде предност на усогласеноста со прописите.

Исто така има и дополнителна казна од 1,21 милион долари. ФАА наведува дека „Боинг не ги исполнил сите свои обврски од договорот за спогодба“. За потсетување, американскиот гигант веќе плати 12 милиони долари како дел од порамнувањето, пред шест години.

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина