03 Јуни, 2020
0.0408

ГИ ПРОВЕРИВТЕ ЛИ СМЕТКИТЕ: Од МојДДВ ќе легнат 5,6 милиони евра

Објавено во: Финансии 13 Мај, 2020

Веќе втор ден по ред тече исплатата на парите од МојДДВ за првиот квартал од годинава. 

Исплатата за јануари, февруари и март 2020, во согласност со Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица е веќе почната.

Во ова прво тримесечје од годината скенирани се 49.946.278 фискални сметки, направен е промет во износ 21.957.355.689 денари со вкупен ДДВ од 2.292.026.352 денари, велат од Управата за јавни приходи. 

Повратот за ова тримесечје изнесува 343.803.953 денари, односно 5.590.000 евра. За донирање на својот поврат за овој квартал се изјасниле 8.700 граѓани.  

Исплатата се врши во неколку етапи и ќе заврши согласно законскиот рок, односно во рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

Ова вчера на својот фејсбук профил ги објави и директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Дел од граѓаните на постот реагираа дека претходниот пат, односно за последното тримесечје лани парите биле исплатени уште во јануари, а сега тоа се случува дури во мај, иако требало во април. Сепак, треба да се има предвид дека земјата е погодена од економски последици од корона кризата, што го намалува износот на приходите што се собираат во државниот буџет. 

Вкупниот број регистрирани корисници до 31 март 2020 година на апликацијата МојДДВ е 279.498.

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки и доколку има грешки во нив, да ги коригираат со цел навремена и ефикасна исплата.

Можеби ќе ве интересира

КАМАТИТЕ УПОРНО ОДАТ НАДОЛУ - добро за тие што сакаат кредит, но неповолно за штедачите

КАМАТИТЕ УПОРНО ОДАТ НАДОЛУ - добро за тие што сакаат кредит, но неповолно за штедачите

Шекеринска: Ни требаат пари од странство!

Шекеринска: Ни требаат пари од странство!

АНГЕЛОВСКА ЗА ПЛАТЕЖНАТА КАРТИЧКА: Ќе им помогне на погодените и ќе ја намали сивата економија

АНГЕЛОВСКА ЗА ПЛАТЕЖНАТА КАРТИЧКА: Ќе им помогне на погодените и ќе ја намали сивата економија

БЕА БРОЈ ЕДЕН: Херц оди во стечај

БЕА БРОЈ ЕДЕН: Херц оди во стечај