18 Мај, 2024
0.0280

Германците повеќе ја сакаат Ангела Меркел од Анџелина Џоли

Објавено во: Стил 02 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка Ангела Меркел е жената на која Германците најмногу и се восхитуваат, покажува истражувањето на британската компанија за истражување на пазарот „ЈуГов“, кое беше вчера објавено. Меѓу мажите најмногу симпатии привлекува некогашниот политичар Хелмуд Шмит, канцелар на СР Германија во перидоот од 1974 до 1982 година, за време на Ладната војна. На Германците им импонираат и меѓународни личности, па Пакистанката Малала Јусуфзаи, добитничка на Нобеловата награда за мир, е второрангирана за канцеларката Меркел. Меѓу првите пет мажи кои предизвикуваат восхит во Германија се и британскиот научник Стивен Хокинг и поранешниот работник на ЦИА, американецот Едвард Сноуден. Анкетата што „ЈуГов“ ја спроведе во Германија е дел од истражувањето што оваа компанија го спроведува во целиот свет. Во глобалната анкета, испитаниците најмногу се восхитуваат на Анџелина Џоли, зад не а е Малала Јусуфзаи, а потоа следи Хилари Клинтон. Глобално симпатиите се насочени кон американскиот претседател Барак Обама и милијардерот Бил Гејтс. Во анкетите учествувале 25 илјади лица од 23 земји, а 1000 лица се анкетирани во Германија.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“