18 Мај, 2024
0.0266

Зошто Германците треба да имаат залихи од храна и вода дома?

Објавено во: Свет 23 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Германската Влада ги советува граѓаните да направат залихи од храна и вода во своите домови.

Оваа препорака е за да бидат обезбедени во случај на вонредни ситуации.

Се советува да имаат залиха од храна за најмалку десет , како и вода за пет денови, по два литри дневно за секој човек во семејството.

Ваквата сугестија се дава со образложение дека во случај на некоја поголема национална катастрофа би можело да дојде до блокирање на работата на службите за вонредни ситуации, кои во такви услови не би можеле брзо да им помогнат на луѓето.

Според „Франкфунтер алгемајне цајтунг“, Владата во Берлин има изработено целосно нов концепт за цивилна заштита.

Во него се сугерира дека е малку веројатен напад врз германската територија кој би барал конвенционална одбрана од страна на државата, но дека тоа не значи дека треба да се отфрлат и мерките за цивилна заштита, за кои се смета дека на Германија и се неопходни.

Министерот за внатрешни работи, Томас де Мазиер, изјави дека земјата мора да биде подготвена од потенцијалната закана-водата и храната да бидат загадени, или за можноста да дојде до пореметување во испораката на гас и нафта.

Ова е прв пат по завршувањето на „Студената војна“ германската Влада да сугерира создавање залихи од храна и вода.

Програмата за цивилна заштита ќе се најде утре пред пратениците на германскиот Бундестаг (Парламентот) но неколку партии од опозицијата веќе ја критикуваат Владата.

Состојбите во цивилната заштита во земјата не е разгледувана уште од 1995 година.

Во Германија постојат околу две илјади јавни бункери и засолништа, уште од времето на постоењето на Западна Германија. Специјален нуклеарен бункер е изграден во близината на Бон, кој беше главен град на државата пред повторното обединување на Германија.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто