Германската канцеларка: Не е ново дека Ердоган поддржува терористи
Објавено во: Свет 18 Август, 2016
Тоа дека Турција ги поддржува исламистите не е новост, а Владата на канцеларката Ангела Меркел е со истото мислење.
Веста удри по односите меѓу Германија и Турција. Изгледа дека федералната влада ја смета Турција и нејзиниот непредвидлив претседател, Реџеп Таип Ердоган за помошник на исламистичките терористи. Токму така може да биде разбран - во зависност од толкувањата - документот кој делумно е класифициран како „таен" и со кој располагаат новинарите од државната телевизија А Ер Де.
Владата до скоро воопшто немаше никаков интерес од тоа, особено со оглед на постоечкиот проблем со мигрантите. Сега во владата во Берлин и не само таму почнаа да се слушаат смели претпоставки дека Ердоган може да го поништи склучениот со Европската унија, договор за враќање на мигрантите на турска територија. Но, тоа е малку веројатно.