12 Мај, 2024
0.0258

Германија убедува дека нема да има никаква промена на границите на Балканот

Објавено во: Балкан 11 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Германија не прифаќа никаква промена на постоечките граници на Балканот. Ова го изјавил германскиот амбасадор во Белград Аксел Дитман, пренесуваат српски медиуми.

Тој ги опиша како опасни повиците кои имаат за цел промена на границите на Балканот. 

„Тоа го кажуваме јавно и тоа е ставот на Европската унија“, истакнал Дитман во интервју за белградскиот весник "Новости". 

"Многу е важно сите земји да ги намалат тензиите, за да може да се продолжи напред", рекол уште дипломатот. 

Според него изјавите во корист на великоалбанските аспирации не се корисни. "ЕУ реагира по овој повод. Но во случај да продолжат коментарите на оваа тема, влегуваме во бесконечна спирала. Многу е важно во моментов сите земји вербално да деескалират. Сега е време да се продолжи напред и да се намалат тензиите", рече уште Дитман. 

На прашањето "зошто нема санкции за политичарите од Приштина и Тирана, кои даваат опасни изјави", Дитман одговорил: "Сега е важно дека има конкретна соработка со цел да се стабилизира и соработка во регионот и ги повика да се гледа во иднината". 

"ЕУ ја поддржува соработката во рамките на Берлинскиот процес преку големите инфраструктурни проекти. Западен Балкан има многу јасна европска перспектива. Тоа беше потврдено експлицитно од Европскиот совет во месец март. ЕУ и Германија ја поддржуваат регионалната соработка. Ние сме пријатели и партнери на Србија на нејзиниот пат кон Брисел", истакнал Дитман.

 Потсетуваме дека синоќа и американскиот амбасадор во Белград Каил Скот рече дека американската влада не го поддржува создавањето ниту на "Голема Албанија", ниту на "Голема Србија". 

Тој прецизира дека "Вашингтон не поддржува и промената на границите".

 "Американската влада работи за стабилноста и помирувањето на народите во регионот", појасни уште Скот.

 По повод тврдењето на поранешниот американски дипломат и поранешен шеф на мисијата на ОБСЕ во Косово Вилијам Вокер дека има "план за обединување на Албанците", Каил Скот го рекол следново: "Господин Вокер е чесно лице. Тој може да зборува што сака. Но, она што јас го знам е дека американската влада работи за стабилноста во регионот ". 

Изјавата на Вилијам Вокер предизвика бројни реакции во Белград. Премиерот Александар Вучиќ го окарактеризира како лобист за "Голема Албанија". Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, од своја страна, рече дека владата ќе предложи да му се забрани на Вилијам Вокер да влегува на српска територија.

Можеби ќе ве интересира

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото