Германија со ултиматум: Заедно за бегалците или крај на Шенген
Објавено во: Свет 21 Септември, 2016
Германија смета дека Шенген може да продолжи да постои, само ако ЕУ има заедничка политика за азил и миграција.
Слична изјава беше дадена вчера за време на седницата на надворешни и европски работи во Брисел. Шест Шенген држави, вклучувајќи ги Германија и Франција, воведоа проверки на границите поради миграцискиот бран и терористичките напади, привремено суспендирајќи го слободното преминување на границите. Европската комисија се надева дека ќе се нормализира слободното движење во Шенген зоната до крајот на годината, но ќе има строги проверки при влез и излез, вклучувајќи ги и европските граѓани.
Европската комисија предложи во март заеднички стандарди за прием на бегалци и за азил, заедно со систем на постојани квоти.
Предлогот сепак е блокирано во Советот, каде што земјите од Вишеградската група му се противат, Словачка го тужи, а Унгарија организира референдум против постојаните квоти.
Наместо заеднички систем, Полска, Чешка, Унгарија и Словачка нудат флексибилна солидарност, според која земјите помагаат кој со што може, но без задолжителни предуслови.
Европската комисија одбива да го повлече предлогот, но ќе се обиде да му даде уште една шанса на самитот на ЕУ во октомври.