Германија очекува нови 500 000 бегалци оваа година
Објавено во: Свет 16 Февруари, 2016
Берлин очекува и оваа година нови бегалци и макар да се зборува за поставување на горна граница за нивно прифаќање, се споменува бројката од нови 500 000.
Според вработените на федералната администрација во внатрешни работи Томас де Мезиер побарал од шефот на Федералната служба за миграција и бегалци (ФСМБ) Франк-Јирген Вајс да ја подготви службата за обработката на нови 500 000 лица во 2016 година.
Минатата недела Вајс јавно изрази очекување дека и оваа година се очекува вработените да треба да обработат документите на уште 1 милиони мигранти и бегалци. Дури и во моментов работата на службите е отежната поради неочекувано големиот миграциски тек минатата година.
Досега не се обработени околу 370 000 апликации од ФСМБ. Кон нив треба да се додаде и фактот дека меѓу 300 000 и 400 000 бегалци, кои пристигнале минатата година, уште не поднеле апликации, објави „Раинише пост“, пренесува интерфакс.
Ако навистина оваа година пристигнат само очекуваните од Берлин 500 000 нови бегалци, тогаш федералните служби може и да успеат да го доведат до минимум бројот на необработените документи поврзани со бегалци и мигранти.