03 Мај, 2024
0.2371

Се отвора големата континентална светска кулинарска смотра во Македонија

ГАСТРОМАК ГО СОБРА ГЛОБАЛНИОТ ГОТВАЧКИ КРЕМ ВО СТРУМИЦА!

Објавено во: Мои пари 08 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Почнувајќи од денес, па во следните пет денови, врвните кулинарски светски судии, едукатори и готвачи повторно ќе се сретнат во Македонија, на Третиот Меѓународен Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2018. Континенталниот натпревар се одржува по трет пат во Македонија, ќе трае од 08 до 12 октомври, а домаќини се градот Струмица и Хотелот Вила Парк.

Овој годишен светски собир на кулинарските мајстори и натпреварувачи, е во организација на ГастроМак – Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија, а под покровителство на WACS – World Association of Chefs Societies (Светската организација на шефови на кујни), со седиште во Париз, Франција. Организациски и логистички поддржувачи и оваа година се Општината Струмица и Хотелот Вила Парк, кои по втор пат ќе бидат домаќини на едно од најголемите годишни гастрономски случувања во регионот и пошироко.

“Ги поканувам сите заинтересирани да дојдат, во живо да ги видат големите гастрономски мајстори и да вкусат од нивните јадења! Поттикнати и охрабрени од извонредните реакции од светските гастро-авоторитети за организацијата од минатата година, задоволство ми е да најавам дека и оваа година настанот го носиме на рамниште погоре. Со несебичната поддршка од WACS, натпреварувањето е со предзнак – Континентално, што дефинитивно значи етаблирање на ГастроМак, на Македонија и на градот домаќин – Струмица, за ѕвезди на светската гастрономска мапа. Сите ние најавуваме петдневен настан за паметење!”, изјави Адријана Алачки, Претседател на ГастроМак.

На ГастроМак Македонија 2018, под мотото “Залче од светските вкусови!”, најавено е присуство на тристотини учесници – натпреварувачи, над стотина врвни светски судии, мастерклас предавачи и почесни гости, од над триесетина земји од сцел свет: од Монголија и Кина, Индија и Кореа, до Мексико.

“Претставува голем предизвик и одговорност да се биде повторно домаќин на неколку стотини гости од триесеттина земји од целиот свет, но јас сум убеден дека хотелот „Вила Парк“ и Општина Струмица, повторно ќе го положат испитот на добри домаќини. Можноста да се спојат светските вкусови со вкусот на нашето поднебје и различните култури со културата на нашето живеење, како и запознавањето на гостите со убавините на Струмица и Македонија, е за секакво поздравување, па поради сево ова, Општина Струмица и годинава е финансиски и морален поддржувач на овој интернационален гастрономски натпревар. Ги повикувам сите сограѓани, од денес до 11. октомври да уживаат во содржините на оваа манифестација и во специјалитетите на големите светски кулинари”, изјави Граоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски.

Освен тридневната натпреварувачка програма во 33 категории, во категориски турнуси на 10 готвачки боксови, настанот има и богата дополнителна програма. Тука спаѓаат Интернационалниот Семинар за лиценцирани WACS судии, потоа исклучително богата листа на Мастеркласови и презентации од четириесетина врвни кулинарски ѕвезди, како и туристички тури за подобро запознавање на

странските гости со убавините на Струмица и Македонија и воведување во спецификите на македонската традиционална кујна.

“Ако минатата година и не бевме баш свесни во што влегуваме и што значи едно вакво континентално гастрономско натпреварување, сега точно знаеме што нè очекува и што се бара од нас. Да имате неколкудневни гости од калибарот на Изток Легат, Стево Карапанџа, потоа шефот со мишелин ѕвезди – Џорџо Дијана и други имиња од светската гастро-сцена, рамо до рамо со нашите готвачи и персонал, е многу голема работа. Ние сме подготвени повторно да бидеме добри домаќини и повторно да ги испратиме сите со прекрасни впечатоци од тука”, изјави Иван Спасов, менаџер во Хотелот Вила Парк.

Натпреварувачките денови се 9, 10 и 11 октомври (вторник, среда и четврток), ќе се одвиваат во посебно подготвениот простор во Централната сала на Хотелот Вила Парк, на првиот кат. Со оглед на тоа што настанот е целосно од отворен карактер и сите заинтересирни ќе можат одблиску да ги видат на дело светските гастрономски експерти, но и да пробаат од подготвените јадења. Во ГастроМак велат: Сите се поканети и добредојдени да вкусат “Залче од светките вкусови”!

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година