(ГАЛЕРИЈА) Зидан за Кристијано Роналдо: Тоа што е со нас ни значи многу
Објавено во: Македонија, Галерија 07 Август, 2017
Предводникот на „Кралевите“, Зинедин Зидан денеска изјави дека е импресиониран од физичката подготвеност на Кристијано Роналдо.
Toj со неколку дена тренинг веќе е во добра форма. Зидан ги израдува фановите во Македонија и потврди дека Роналдо е подготвен за настап.
„Она што ме импресионира најмногу е неговата физичка подготвеност, речиси е иста како онаа од финалето во Лигата на шампионтие пред два месеци. Тоа што е со нас ни значи многу. Ако по три дена тренинг се најде во составот, тоа е знак дека е подготвен да игра. Утре ќе видиме дали ќе игра или нема, но најважно е тоа што е со нас”- вели Зидан.
Натпреварот се игра утре со почеток од 20.45 часот.
ФОТО ФАКТОР