16 Мај, 2024
0.0275

(ГАЛЕРИЈА) Заедничка работна средба на бизнис секторот со премиерот и претставници на економските ресори во Владата

Објавено во: Економија, Галерија 05 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Заедничка работна средба на бизнис секторот со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, и претставниците на економските ресори во Владата денеска се одржа во просториите на Стопанската комора на Македонија.

На работната средба учествуваа: проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори; проф. д-р Драган Тевдовски, министер за финансии; м-р Крешник Бектеши, министер за економија; м-р Горан Сугарески, министер за транспорт и врски; Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и Садула Дураки, министер за животна средина и просторно планирање.

Изготвување долгорочна стратегија за постигнување стапка на економски раст меѓу пет и седум отсто во наредните 10 години, воспоставување договор меѓу јавниот и приватниот сектор за регулирање на односите со Владата и другите државни органи, консултирање на бизнис заедницата при донесување именување на правната регулатива, владеење на правото, загарантирана приватна сопственост, поголем пристап до финансирање на компаниите и подобрување на ликвидноста, лојална конкуренција, унапредување на системот за образование и продуктивноста на работната сила, се само дел од предлозите што ги изнесе денеска Стопанската комора на Македонија пред Економскиот владин тим предводен од премиерот Зоран Заев.

Премиерот Заев, пак, побара силна поддршка и соработка од бизнис секторот за заедничко креирање на политиките.

– Имаме амбициозни и добро мотивирани министри, економските ресори во Владата функционираат беспрекорно, голема е желбата да бидеме сервис на бизнисот и на граѓаните, истакна Заев.


На работната средба во Комората, компаниите побараа што поскоро спроведување попис на населението, а со тоа, како што рекоа, и попис на сите економски релевантни показатели како единствена појдовна основа за планирање, проектирање и преземање конкретни реформски чекори во економијата.


Можеби ќе ве интересира

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА