(ГАЛЕРИЈА) Премиерот Заев на утринска молитва по повод Курбан Бајрам
Објавено во: Македонија, Галерија 01 Септември, 2017
Премиерот Зоран Заев по повод празникот Курбан Бајрам утрово присуствуваше и на утринската молитва во Мустафа-пашината џамија.
Во негова придружба беше и пратеникот Мухамед Зекири, како и спикерот Талат Џафери. Заев ќе се сретне и со жителите на општина Арачиново. Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран. Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан.
ФОТО ФАКТОР