19 Мај, 2024
0.0263

(ГАЛЕРИЈА) Елеганција и младешки стил: Погледнете дел од MANGO новата колекција за пролет/лето 2015

Објавено во: Стил 03 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Над 800 гости присуствуваа на ревијата на која MANGO презентираше дел од новата колекција на петнаесетото издание на модното шоу 080 во впечатливиот Морски Музеј во Барселона.

Инспирацијата од 70-тите години беше очигледна кај сите парчиња од колекцијата за пролет/лето 2015.

Претставени беа околу 35 женски и 15 машки комбинации во елегантен, но младешки стил на хипи ерата. Кај женските модели, забележително беше присуството на чипка, везови, шифон, превртена кожа и провидни материјли. Долгите здолништа и фустани и едноставните и дезенирани кимоно кошули ја доловуваат лежереноста на колекцијата за оваа сезона.

Свежината на ова модно претставување беше дополнета со машките модели кои исто така во себе го носат боемскиот дух на 70-тите. Тексасот доминираше во комбинација со маици со принтови и кожни јакни.

Настанот беше проследен од страна на голем број интернационални и локални ѕвезди, меѓу кои беше секогаш шармантната Надја Ауерман, која изјави: Особено сум возбудена за ова модно шоу. Ја сакам Барселона иMANGO како модерен бренд. Колекцијата оваа сезона е со хипи инспирација, а јас некогаш бев хипи девојка, такашто навистина ја обожавам!

Уште  едно впечатливо лице кое ја проследи ревијата беше Elettra Widermann, ќерка на Isabella Rossellini и внука на извонредната Ingrid Bergman. Таа коментираше за соработката со MANGO: “Отсекогаш сакав да работам соMANGO, а ова е веќе седма или осма соработка со брендот.  Како модели не секогаш имаме можност да создадеме поблизок однос со брендовите за кои работиме, но јас секогаш се чувствувам среќно при средбите и работењето со MANGO фамилијата.”

080 Barcelona Fall/Winter 2015-2016 080 Barcelona Fall/Winter 2015-2016 Mango_Elisa Sednaoui 080 Barcelona Fall/Winter 2015-2016 Photocall Mango_Nadja Auermann Photocall_Elettra Wiedemann

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“