19 Мај, 2024
0.0456

„Фридом Хаус“: Македонија најлоша на Балканот во медиумската слобода

Објавено во: Мои пари 29 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Медиумските слободи во светот во 2014 се најниски во последните години поради рестриктивните закони и насилства над новинарите, оценува „Фридом Хаус“ (Freedom House) во годишниот извештај објавен во средата.

Најголем пад е забележан во Азербејџан, Ирак и Србија чиј премиер Александар Вучиќ е критикуван за непријателска реторика и притисок врз независните медиуми.

Белорусија, Крим кој го анектираше Русија, Иран, Туркменистан и Узбекистан се меѓу десетте земји во кои медиумската состојба е најтешка.

fridom haus za mediumska sloboda

Што се случува на Балканот?

Нема да ви се верува но состојбата според извештајот е најлоша во Македонија каде медиумската слобода континуирано се ограничува во последните пет години.

„Неколку земји во Западниот Балкан и натаму се со загрижувачки тренд за кршење на слободата на медиумите во 2014 година. Состојбата на медиумите е обележана со неколку заеднички проблеми: користењето на законите за клевета и навреда од политичарите и бизнисмените за да се сузбие критичкото известување; провладина политика во јавните радиодифузни сервиси, притисоци врз уредници од страна на политичките водачи и приватните сопственици, што доведува до самоцензура; застрашување, закани и напади врз новинари за кои не се изрекуваат казни, како и нејасна сопственичка структура. Резултатот на Македонија опадна за 10 поени во изминатите 10 години, со што е најлошата земја на Балканот“, стои во извештајот.

Извештајот забележува за Македонија дека неколку „опозициски ориентирани медиуми беа затворени во изминатиот петгодишен период, а новинарот Томислав Кежаровски остана во притвор во 2014 година поради сомнителните обвиненија дека го открил идентитетот на заштитен сведок во случај за убиство“.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО