Француските медиуми ја анализираат оставката на Заев
Објавено во: Македонија 24 Декември, 2021
Француските медиуми пишуваат за оставката на македонскиот премиер Зоран Заев, јавува МИА.
„Собранието на Северна Македонија ја одобри оставката на социјалдемократскиот премиер“, пишува весникот „Фигаро“. Неговата партија, СДСМ, според француските медиуми сепак, се очекува да состави нова коалиција и да формира влада.
„Зоран Заев, кој беше премиер на демократската транзиција, ја напушта власта по нешто повеќе од четири години на чело на македонската влада. Тој беше водач на демонстрациите од 2015 година, кои го натераа неговиот претходник, автократот Никола Груевски, на фер избори кои го предизвикаа неговиот пад“, објаснува РФИ.
За француските медиуми, токму поради блокадата на евроинтеграциите на земјава, СДСМ, партијата на Зоран Заев, забележа лош резултат на локалните избори во октомври минатата година.Вчера Собранието ја прифати оставката на Заев. Тој си поднесе оставка по вториот круг од локалните избори, кога партијата на власт оствари лош резултат.
foto printscreen