27 Април, 2024
0.0306

ФРАНЦУСКИ ПОЛИТИЧАР: За БиХ и другите земји од регионот нема место во ЕУ

Објавено во: Македонија, Свет 27 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Францускиoт европратеник Жордан Бардеља, од редовите на Националниот фронт на Марин Ле Пен, до Европската комисија достави иницијатива за прекинување на процесот на проширување со БиХ.

Во иницијативата стои дека за БиХ и другите земји од регионот нема место во ЕУ.

Тој  наведува дека актуелната мигрантска криза зборува за неприлагоденоста на балканските земји да се приклучат кон подрачјето во кое луѓето ја уживаат слободата на движење, а тоа е ЕУ.

„Почетната проценка на ЕК утврди дека земјата не исполнила серија критериуми што се однесуваат на правното наследство на ЕУ, што значи дека се потребни  значителни поодбрувања во областите на информирањето и медиумите, социјалната политика, вработувањето и правосудниот и безбедносниот апарат. Што е уште полошо, проценката на еколошката политика во земјата била целосно неспоива со стандардите на ЕУ. Речиси 34 милиони евра, средства од ЕУ, во 2018 година и биле ставени на располагање на БиХ за таа цел, а за аранжманите за управување со миграциите во земјата се расправало на пленарна седница во Брисел, во ноември 2019 година“ - истакна Бардеља.

Во актот тој наведува дека БиХ дури на 15 февруари 2015 година, осум години по склучувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација, се пријавила за приклучување кон ЕУ.

Неодамна претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека БиХ е темпирана бомба, а оваа изјава ги налути босанските власти. Претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, му одговори дека нема терористички напади во Босна и Херцеговина и го повика Макрон да ја посети земјата и лично да види каква е состојбата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“