(ВИДЕО) Им потече розова вода од чешмите, граѓаните во шок
Објавено во: Свет 08 Март, 2017
Жителите на градот Оновеј во провинцијата Алберта во Канада биле зачудени кога од чешмите им потекла розова вода.
Градоначалникот Дејл Красноу, во соопштението до јавноста соопшти дека луѓето кои ќе пијат од оваа вода немаат опасност по здравјето.
Тој објаснил дека во водата има калиум перманганат кој се користи за отстранување на штетни материи и отрови од водата.