29 Април, 2024
0.0273

Фото:Рекорди од светот на забавата

Објавено во: Стил 10 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Дали знаевте дека највисокиот забавен ролеркостер во светот се искачува на цели 139 метри висина? Еве уште рекорди од светот на забавата: Највисок забавен ролеркостер КингдаКа - тоа е името на највисокиот забавен ролеркостер во светот. Таа се наоѓа во американската држава Њу Џерси во паркот Six Flags Great. Ги искачува патниците на неверојатни 139 метри височина. Покра тоа тој има најдолго рута - 127.4 метри. Најбрзиот забавен ролеркостер Се наоѓа во паркот Ferrari World во Абу Даби. Се нарекува Формула Роса и развива брзина од 240 километри на час. Патниците се возат во болиди, слични на оние на Формула 1. Првата лизгалка на вода со двоен лупинг Првата лизгалка на вода во светот со двоен лупинг се наоѓа во австрискиот забавен парк Wave. Се вика L2 и нуди незаборавно искуство. Лупингите се 7 и 3.5 метри, на кои се развива брзина од 65 километри на час. Највисоко виенското тркало Во близина на пристаништето во Сингапур се наоѓа Виенскиот тркало Singapore Flyer. Тоа е високо 165 метри - со 30 метри повеќе од досегашниот рекордер London eye. Кабините му се целосно застаклена и една тура во нив трае половина час. Висината на која качува, одговара на 42-ката облакодер. Најголемиот надуван замок Најголемиот гумен надуван замок во светот се нарекува White Bouncy Castle. Тој е долг 30 метри и е висок 11. Секоја година гостува по неколку недели во различни градови во светот.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти