Добивај вести на Viber
Пентагон смета дека војската на Северна Кореја оваа недела изгубила врска со една своја подморница.
Како што пренесе СиЕнЕн, повикувајќи се на три претставници од министерството за одбрана во Вашингтон кои сакале да останат анонимни, американската војска ја следела подморницата која се движела долж источниот брег на Корејскиот полуостров.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/FoxNews/status/708526211278831616?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]
Сателитите забележале дека таа во еден момент престанала да се движи а дека севернокорејската воена морнарица се обидува да ја пронајде.
Американците не се сигурни дека подморницата потонала или плови под водата, но во секој случај имала некој дефект во текот на воените вежби.
Северна Кореја на 10 март изведе лансирање на две ракети од мал домет во правец на Јапонското море. Лансирањето на вакви ракети е изведено и на 3 март.