18 Мај, 2024
0.0305

(ФОТО) НАПУШТЕНАТА БОЛНИЦА Е НИВЕН ДОМ: Потресна исповед на 150 семејства кои светот ги заборави!

Објавено во: Свет 28 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Стотина бездомници живеат во напуштена поранешна воена болница речиси во самиот центар на градот. Четврти век после падот на Советскиот сојуз, многу жители на поранешната советска република Грузија немаат ни работа ни дом.

Притиснати од глад, без никакви приходи, некои од нив се присилени да живеат во згради од кои дури и Советите се отажале.

Дел ги сочинуваат семејства од Абхазија, грузиски регион кој водел битка за отцепувње во почетокот на деведесетите години на минатиот век.

Повеќе од 250 000 Грузијци бегале пред стравовите на војната, но не наишле на топол оброк во срцето на сопствената држава ниту кај своите сонародници. Поради тоа засолниште побарале во напуштени разрушени згради.

Дел од луѓето во напуштените згради се луѓе кои едноставно западнале во тешки животни проблеми.

Останале без работа, не можеле да плаќаат кирија и се исфрлени на улица. Напуштените згради не прашуваат зошто некој е на улица, напуштените згради со две раце примаат нови станари.

Околу 400 бездомници живеат во напуштената воена болница во главниот град Тбилиси.

Фотографот Џејкоб Борден забележал цртки од животот на луѓето на маргините на општеството.

Маја Даијаури има 45 години и се обидува да ги доведе во ред една од собите на напуштената болница. Сите заземани соби имаат прозорци, речиси сите соби имаат и мали гасни шпорети на кои станарите може да готват.

Голем дел од собите имаат и шпорети на дрва кои ги користат за греење во текот на студените грузиски зими.

Оние несреќници кои немаат ниту греење ниту вода едноставно земаат од соседите. Силното чуство за заедништво е нешто што ги сплотува стотиците луѓе заробени во несреќниот животен циклус.

Напуштената болница е запуштена , а струја и вода течат по вистински лавиринт за цевки и жици. Фекалии често течат низ ѕидовите поради пукнатите цевки, а минатата година едно момче починало во пожар кој го предизвикала неисправна електрична инсталација.

Во целата зграда живеат осумдесет жени, а повеќето не неполниле ни по шест години.

Николас Бериашули има две години и спие во иста соба со мама, тато и сестра си.

Еден дел од децата не одат во училиште затоа што се уверени дека немаат корист од образование. Постарите деца кои ги напуштиле училиштата најчесто се грижат за помладите браќа и сестри.

Повеќето жители зависат од социјална помош . Месечно добиваат околу 120 евра и велат дека тие пари попрво би ги потрошиле на храна отколку да изнајмуваат лоши станови. Избегнуваат и вработување затоа што би ја изгубиле социјалната помош која значи живот.

Некои жители на болницата со носталгија се присетуваат на комунистичкиот период. Велат дека тогаш имале домови, работа, но и стабилност. Голм дел од нив се огорчени и имаат чуство дека Грузија намерно ги заборавила во економската транзиција.

Матико Пиратшкулава има 46 години и живее во вистински луксуз. Има двособен стан во болницата и живее сама. Двајцата малолетни синови отишле во свештеничко училиште каде се надеваат на подобра иднина.

Во болницата живеат и неколку жени како што е Матико. Живеат сами или со деца. Некои од нив станале вдовици и поради тоа завршиле на улица. Болничките станари на сите начини се обидуваат да ја поправат зградата и да ги доведат собите во каков-таков ред.

Плочките и тапети соберени по ѓубриштата им даваат барем малку чуство на дом, а некои станари се осудиле да имаат и аквариум.

Во целата болница живеат околу 150 семејства. Мариум Габсонија има седум години и ја дели собата со сестра си а си играат по ходниците на напуштената болница.

Ија Очиаури е мајка на две деца, живее со мажот и неговиот брат, а работи што стигне за да заработи пари за живот.

Матико вели дека не се чуствува дел од грузиското општество. „Многу соседи се чуствуваат како да ги заборавило модерното општество. Гледаме како остатоците од грузиското минато пропаѓаат пред нашите очи“ раскажала Матико за БиБиСи.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто