06 Мај, 2024
0.0273

(ФОТО-ГАЛЕРИЈА) Најважниот ден за Македонија осамна: После пеколната ноќ во Собрание, засега е мирно

Објавено во: Македонија, Галерија 28 Април, 2017

Добивај вести на Viber

На Македонија и се раздени. Сонцето изгреа после големите нереди кои избија во текот на вчерашниот ден во Собранието, откако парламентарното мнозинство го избра Талат Џафери за нов претседател на Парламентот.

Набрзо потоа приврзаниците на иницијативата „За заедничка Македонија“ упаднаа насилно во зградата на Собранието каде избија големи судири со пратениците, а конечниот епилог од хаосот е околу 100 повредени лица, меѓу кои се пратениците и демонстрантите, 22 полицајци и припадници на обезбедувањето.


Демонстрантите, меѓу кои имаше и маскирани лица, упаднаа во Собрание извикувајќи „Ова е пуч“, после што ги нападнаа лидерот на СДСМ Зоран Заев и пратениците на таа партија Дамјан Манчевски, на кои им беа раскрварени главите, а пратеникот на Алијансата за Албанците Зијадин Села е повреден најмногу. 

Полицијата по задоцнета реакција, после два часа успеа да воспостави делумен ред и да евакуира пратеници и новинарски екипи, а демонстрантите да ги потисне на улица..

Претседателот Иванов обраќајки се од вилата на Водно ги повика денеска сите праламентарни партии заедно да побараат решение за излез од кризата и за денес закажа лидерска средба.

По спласнувањето на тензиите, утинава пред Собрание е мирно.Таму останаа шаторите во кои под отворено него преноќија дел од демонстрантите.

Македонија денес влегува во најважниот ден. Дали бурата ќе продолжи да беснее или ќе се смират страстите, останува да почекаме да видиме што ќе ни донесе дешениот ден Д.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта