(ФОТО) Кој испрати пакети со храна за Христијан Пендиков?
Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2023
Стигна донација за Христијан Пендиков од Охрид, момчето кое тројца сограѓани го истепаа и кое Бугарија со владин авион го однесе во Софија ја лекување.
Тој е секретар на бугарскиот клуб во Охрид. Бизнисменот Милен Врабевски кој ги финансира бугарските клубови во Охрид и Битола испратил неколку пакети со храна.
Тие објавија фотографии со пакетите. Во нив има портокали, млеко, конзерви, кафе, зејтин, оцет, сок, шеќер. Инаку, како што објави бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, Пендиков засега не се враќа во Македонија затоа што имало закани кон него.