ФОТО: Канада на нозе - се евакуираат ученици од школи
Околу 60 училишта и универзитетски кампуси во Канада се евакуирани поради можни закани, јавува Ројтерс.
Објавено во: Свет 21 Септември, 2016
Канадските медиуми пишуваат дека се евакуирани 19.000 деца од училиштата.
Сите ученици и студенти се наоѓаат на безбедна локација.
„Студентите се однесени на безбедна локација каде ги чекаат автобуси. Родителите на тие места ќе може да ги пречекаат своите деца, но ќе мора да почекаат за натамошни инструкции на кое место ќе може да дојдат. Тие информации ќе бидат објавени наскоро“- велат од полицијата.
Засега не е позната природата на заканата, но според некои информации еден камп добил анонимна дојава за поставена бомба.
Островот Принц Едвард е најмалата покраина и во неа живеат околу 140.000 жители.