19 Мај, 2024
0.0329

(ФОТО) ГИ ПОСЕТИЛ СИТЕ ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ: Кои ги избра како најдобри, што вели за Македонија?

Објавено во: Свет 23 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Данецот Хенрик Џепесен е најмладата личност која ја посетила секоја личност на светот и тоа пред 28-от роденден.

„Гледав на ТВ емисии за различни земји ширум светот, и тогаш си зацртва дека ќе посетан 50 земји, па потоа 100, а после одлучив да ги посетам сите“, рекол тој.

Хенрик раскажува дека најголем впечаток врз него оставила Руанда, а за Македонија вели дека е сиромашна земја , но дека луѓето се пријателски настроени. На пат кон Скопје, Џепесен престојувал во Берово.

berovo danec

„Немав некои очекувања, но тоа е сјајна земја кој изгледа дека е добро организирана. Во тој крај на светот, воглавно е многу слаба инфраструктурата и владеат мнозинство проблеми, но тоа овде и не е случај. За пет долари ќе ја обиколите целата земја и тоа е најдобрата работа што можете да ја направите“, додал.

Исто така после посетата на соседен Белград рекол дека тој град заслужува да биде популарна туристичка дестинација.

bel

Тој секое патување внимателно го планирал така да потроши што помалку пари. Воглавно отседнувал кај локалци и се хранел во супермаркети наместо по ресторани, користел локални автобуси, а не такси.

Ова се петте земји кои Данецот препорачува задолжително дека мора да ги посетите ако имате шанса.

Јужна Африка

„Нивната валута е толку слаба што таму може да си дозволите работи кои во Европа или Американ не би можеле“, вели Хенрик.

Лаос

„Лаос е земја налик на Тајланд, но без мноштво од туристи. Доста евтино е да се патува наоколу, луѓето се многу љубезни, но и понатаму ја има таа посебна атмосфера кај Тајланд веќе ја нема“, раскажува Хенрик.

Молдавија

„Преубава земја а Источна Европа со пријателски расположени луѓе кои се спремни да ви помогнат. Повеќето луѓе се сиромашни, но се чуствував безбедно“, вели за Молдавија овој авантурист.

Естонија

„Изгледа како останатите земји од Северна Европа, но без високи цени. Би рекол дека можете да заштедите барем 50 отсто од парите кои инаку би ги потрошиле на одмор ако ја изберете Естонија наместо некоја друга нордиска земја. Естонија има толку многу што да понуди и тешко дека овој скриен европски бисер може да ве разочара“...

Малдиви

„Ова веројатно е големо изненадување, но треба да се погледнат цените. Малдивите се многу поевтини во лето во споредба со цените кои важат во зима. Престојував во педесеттина сместувања во различни периоди од годината и времето во јули отприлика е исто како и во декември, а во текот на летото ќе платите околу 56 долари за лице во хотел со 5 звезди додека цените во декември ќе бидат четири пари поголеми“, го споделува Хенрик својот заклучок од Малдивите.

За крај, овој светски патник нагласил дека е лесно да се патува во светот отколку што луѓето мислат, само треба да бидат спремни да живеар како локалци, а не како туристи.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто