Добивај вести на Viber
Членови на американски, германски, британски и унгарски инветсициски фондови денеска во Белград се запознаваат со приликите за инвестиции во регионот.
На собирот ќе се претстават Intel Capital Crimson Capital Libertas Capital (Велика Британија, Primus Venture Capital (Унгарија), VP Eastern Europe Rebate (Германија), како и Technology Venture Capital Facility при ЕБРД.
На форумот исто така ќе присуствуваат и експерти од областа на финансиите и инвестициите како и претставници на владите од земјите во регионот кои ќе разговараат за моменталната состојба и плановите за развој на пазарот посебно во областа на технолошките иновации, телекомуникациите, науката, инфраструктурата..
Balkan Venture Forum се прави по примерот на 25 слични форуми кои се организираат во Европа од 1998 година во организација на Europe Unlimited, организација задолжена за поттикнување на директни инвестиции.