26 Април, 2024
0.0268

Forbes: Карлос Слим повторно е најбогатиот човек во светот

Објавено во: Стил 04 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Бројот на луѓето со 10-цифрен состојба на сметката во светот се зголеми до нов рекорд според овогодинешното издание на листата на милијардери на списанието Forbes. Во рангирањето на изданието веќе фигурираат 1.426 имиња, чие вкупно богатство се проценува на 5,4 трилиони долари, во споредба со 4,6 трилиони долари претходната година. Во последната година според Forbes бројот на милијардери во свтото се зголемил за нови 210.. Уште еднаш САД може да се пофали со најмногу милијардери - 442, потоа следи азиско-пацифичкиот регион со (386) Европа (366) Северна и Јужна Америка (129) и Блискиот Исток и Африка (103). Многу новите имиња кои влегоа во листата на Forbes , се Рензо Росо, кој стои зад брендот Diesel (3 милијарди долари), Брус Нордстом (1.2 милијарди долари) и дизајнерката Торино Берч (1 милијарда долари). Оваа година поворно прв на листата е Карлос Слим е најбогат човек во светот со лична состојба во висина од 73 милијарди долари, следен од Бил Гејтс со 67 милијарди долари). Шпанецот Амансио Ортега за прв спаѓа во првите три со своите 57 милијарди долари. Тој има освоено и најмногу во текот на годината, зголемувајќи богатството со 19,5 милијарди долари. Ортега го надминува Ворен Бафет, иако легендарниот инвеститор зголемува состојбата за 9,5 милијарди долари до 53,5 милијарди долари. Ова е прва година од 2000 година, во која Бафет не е присутен меѓу првите три на листата. На списокот има вкупно 22 милијардери на возраст 90 или повеќе години. Најстар е  Дејвид Рокфелер со 2,7 милијарди долари. Најмладите пак се Марк Закерберг кој зазема 66-то место со 13,3 милијарди долари и Дастин Московиц, кој зазема 353-та позиција со 3,8 милијарди долари. И двајцата се на 28 години. Во прилог листa на 20 најбогати луѓе во светот според Forbes:
Позиција Име Состојба во милјарди долари Возраст Држава
1 Карлос Слим 73 73 Мексико
2 Бил Гејтс 67 57 САД
3 Амансио Ортега 57 76 Шпанија
4 Ворен Бафет 53,5 82 САД
5 Лари Елисен 43 68 САД
6 Чарлс Кох 34 77 САД
6 Дејвид Кох 34 72 САД
8 Ли Ка-шинг 31 84 Хонконг
9 Лилиан Бетанкур 30 90 Франција
10 Бернар Арно 29 63 Франција
11 Кристи Волтон 28,2 58 САД
12 Стефан Персон 28 65 Шветска
13 Мајкл Блумберг 27 71 САД
14 Џим Волтон 26.7 65 САД
15 Шелдон Аделсон 26.5 79 САД
16 Алис Волтон 26.3 63 САД
17 С. Робсон Волтон 26.1 69 САД
18 Карл Албрехт 26 93 Германија
19 Џеф Безос 25.2 49 САД
20 Лари ПејЏ 23 39 САД
 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти