02 Мај, 2024
0.0282

Фондацијата „Saint-Gobain Initiatives“ додели грант на Хабитат Македонија за проектот „Енергетска ефикасност за Здружението на пензионери во Кавадарци”

Објавено во: Мои пари 29 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

На официјална церемонија што се одржа денеска во Скопје, се потпиша договор за соработка помеѓу Меѓународната корпорација Фондацијата Saint-Gobain Initiatives, со седиште во Франција, и Хабитат Македонија, дел од мрежата на Habitat for Humanity International,  кој вклучува финансиска поддршка за проектот „Енергетска ефикасност за Здружението на пензионери во Кавадарци”. Проектот ги опфаќа пензионерите, како една од најранливите групи на граѓани во Република Македонија.

Целта на проектот е да се подобри енергетската ефикасност на зградата во која што е сместено Здружението на пензионери - Кавадарци, нивниот дневен центар и 2 пензионерски станови. Корисниците на овој проект ќе заштедат до 30% од потрошувачката на енергија. Реновирањето ќе вклучи изолација на фасадата, замена на стари прозорци и врати со енергетски ефикасни како и реновирање на заедничката просторија за пензионери (дневен центар). Активноста е финансирана од Фондацијата Saint-Gobain Initiatives, а ќе биде спроведена од Хабитат Македонија во рок од 1 година.

Ова е прв проект поддржан од Фондацијата Saint-Gobain Initiatives во Македонија, а износот на донацијата изнесува41.000 евра.

„Иновативните решенија на нашата компанија Saint-Gobain, создаваат средини за живеење што го  подржуваат комфорот, високиот квалитет на живот и одржливоста како модел за идните генерации да развиваат средини за живеење со висока свесност на животната средина.Веруваме дека севкупните општествени и економски придобивки од нашата донација, ќе обезбедат далеку поодржливи вредности и резултати за корисниците на просториите на Здружението на Пензионери во Кавадарци, но и ќе обезбедат трајни подобрувања, ефективни резултати и одржливи придобивки за локалната заедница“ - изјави Томаш Росак, Генералниот Делегат на Saint-Gobain.

„Хабитат Македонија, како единствена граѓанска организација која ја опфаќа областа на супстандардно домување, во изминативе години е предводник и носител на нови инцијативи и иновативни решенија за подобрување на квалитетот на живот, што се спроведуваат со донатори, меѓу кои посебно значајни се партнерствата со корпоративниот сектор. Сметам дека токму ова наше искуство и заложби беа препознаени од Фондацијата Saint-Gobain Initiatives со која делиме заедничка визија, и верувам дека ова е само почеток на заедничките проекти“ - изјави Зоран Костов, извршен директор на Хабитат Македонија.

Активностите за реконструкција дополнително ќе вклучат и група на студенти од Факултетот за Архитектура во Скопје кои ќе бидат задолжени за подготовка на техничката документација. Студентите ќе имаат обврска и да ги едуцираат пензионерите во врска со енергетската ефикасност и одржувањето на домот. Со тоа ќе им се овозможи на студентите, идни лидери во овој сектор, да се стекнат со практично искуство и да бидат инволвирани во напорите за намалување на потрошувачката на струја во резиденцијалниот сектор на долг рок.Така, инвестирајќи во знаења и вештини на идните архитекти и градежни професионалци, ќе се овозможи и имплементација на стекнатите искуства во градежната практика во Македонија во иднина.

Saint-Gobain и Хабитат-Македонија преку овој проект сакаат да ги зајакнат капацитетите и потенцијалите на ранливите категории, демонстрирајќи огромни залагања во справувањето со социјалните предизвици, во напорот за обезбедување подобро разбирање на потребите на социјално исклучените. Во таа смисла, овој проект ќе биде амалгам за изградбата на кохезивно општество во кое борбата против сиромаштијата и социјалната исклученост ќе значат постоење на подобри шанси и можности за сите.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година