03 Мај, 2024
0.0298

ФОКУС НА ДЕНОТ: Заев во кавга со ДУИ, а Боки 13 останува во притвор

Објавено во: Македонија 03 Март, 2020

Добивај вести на Viber

ЛИДЕРОТ НА СДСМ СЕ КОНФРОНТИРА СО ДУИ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната партиска прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека албанската заедница во македонија треба да биде застапена барем со 12-13 пратеници во владеачкото мнозинство по изборите на 12 април.

Ова лидерот на владеачката партија го одговори на прашањето дали во иднина планира да коалицира со ДУИ дури и ако СДСМ во коалиција заедно со БЕСА освои барем 51 пратеник што ќе биде доволно да се формира Влада.

- Влада може да се формира со 61 пратеник но ќе биде потребно стабилно мнозинство. Ќе се отвораат важни теми во реформите и економијата во наредниот мандат. Етничките заедници треба да бидат соодветно застапени, рече Заев.

Алудирајќи на ДУИ, повика партиите да ја зголемат свеста за одговорност пред граѓаните и да не ги прават грешките од минатото.

ВАРОШИЈА СВЕДОЧЕШЕ, А ЈОВАНОВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР

Сергеј Варполија, соработникот на Бојан Јовановски, на денешното рочиште за случајот „Рекет“ како сведок истакна дека обвинетиот бил материјално обезбеден од наследство од неговата баба Евгенија.

Стилистот рече дека Боки 13 му бил другар 15 години и дека ги познава Ана Камчева, сопругата на бизнисменот Јордан Камчев, како и Зоран Милевски Кичеец, осуденикот од „Рекет“ кој веќе ја призна вината.

-Ана Камчева ми е позната бидејќи ми била клиентка, а Зоран Милевски го знам од град, а подобро од 2018 година кога почна интензивно да доаѓа во 1ТВ и интензивно се дружевме. Речиси секој ден доаѓаше во телевизијата, а и во домот на Јовановски. Одевме на ручеци, вечери, кажа Варошлија.

Камчева и Милевски дошле заедно во телевизијата, а еднаш се разминале во домот на Јовановски, додека никогаш не ја видел поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Шоуменот Бојан Јовановски обвинет во случајот „Рекет“,  останува во притвор. 

Вака одлучи Апелацискиот суд кој  ја отфрли жалбата на Јовановски и неговата гаранција од 143.000 евра. Тој оваа сума ја понуди за да излезе од притвор.

Освен тоа,  Јовановски приложи и медицинска документација за чир на желудник. 

Во гаранцијата се понудени куќата на негов братучед и деловен простор во истата куќа во сопственост на неговата мајка.

ПРЕИМЕНУВАНИ УЧИЛИШТА ВО ЧАИР

Арбер Адеми, министерот за образование, предизборно објави дека се променети имињата на две основни училишта во скопски Чаир.

„Откако ги потпишав неопходните акти, конечно заврши прашањето за именувањето на училиштата во Чаираир. „Никола Вапцаров“ сега официјално ќе се вика „Имри Елези“. Исто така, „Рајко Жинзифов“ сега официјално ќе се вика „Исмаил Кемали“, објави Адеми.

ТЕСТИРАНИ ИМА, НО НОВИ СЛУЧАИ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНА НЕМА

Направени се три нови тестирања на коронавирус, а резултатите на тројцата патници се негативни. 

Министерството за здравство соопшти дека денеска, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се тестирани тројца патници. Резултатите на тројцата патници се негативни. Тестирани се за македонски државјани од кои двајца допатувале од Италија и еден од Шпанија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Вработените од Народна банка ќе се преселат во новиот барокен објект дури во март 2021 година. Ова следува по бројни доцнења и анекси за продолжување на предвидениот рок за завршување на објектот, што ги барал изведувачот.

Се „топи“ населението во Битола, ако судиме според статистичките податоци кои ги објавува Државниот завод за статистика.

Битола последниве години има низок наталитет, и висок морталитет.

Стопанска банка Скопје лани има пад на профитот за 6,1 милиони евра во споредба со 2018 година. Најпрофитабилната банка не го издржа темпото што претходно сама го наметна да биде значајно пред конкурентите кои лани и се прибилижија

„Комерцијална банка“ ја има својата најуспешна деловна година позади себе. Година во која профитот е најголем во историјата на банката и изнесува 29,4 милиони евра, предлог е исплата на бруто дивиденда од 550 денари. А за креаторите на овој резултат – тројцата членови на Управниот одбор предводени од Хари Костов банката издвоила 876.400 евра

Агенцијата за супервизија на осигурување му дала дозвола на Граве Осигурување да го купи Еуролинк осигурување, соопштија од Агенцијата. Со ова се потврдуваат информациите за кои Фактор пишуваше во ноември лани

Дел од граѓаните од Кисела Вода кои утрово патуваа со автобус накај своите работни места, беа принудени да задоцнат на работа, од проста причина што го немаше единствениот автобус кој сообраќа од таа населба па до центар, 24-та.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите