05 Мај, 2024
0.0318

ГРАДОТ НА КОНЗУЛИТЕ „ЗАМИРА“: Битола со најголем негативен природен прираст во земјата

Објавено во: Македонија 03 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Се „топи“ населението во Битола, ако судиме според статистичките податоци кои ги објавува Државниот завод за статистика.

Битола последниве години има низок наталитет, и висок морталитет.

Во последниот квартал од 2019 година, градот имал природен прираст од -127. Се родиле 172 деца, а починале 299 луѓе.  Овие податоци покажуваат дека во Битола има најголем јаз помеѓу наталитетот и морталитетот. Еден квартал претходно, односно во третото тромесечје лани, Битола имала природен прираст од -85.

Светлана Петковска од Организација на жени Битола вели дека ваквите трендови се должат на иселувањето на младите.

„Тоа се случува поради заминувањето на младите, а што се однесува до раѓањето на деца, има и семејства кои јас ги познавам со три, четири деца иако не се многу. Но, ова заминување на младите мене лично не ме плаши, затоа што тоа не е исто како пред 50 -70 или 90 години, затоа што сметам дека тие еден ден ќе се вратат. Сега младите го имаат светот на дланка, се селат, и не се за осудување. Тие заминуваат, но родителите одат во странство и им ги чуваат децата, така што верувам дека ќе се вратат назад. Исто така познавам и луѓе кои се вратиле од странство за да го продолжат животот во Битола“, објаснува Петковска.

Александар Стерјовски, градски хроничар вели дека Битола отсекогаш била печалбарски крај, и ден денес таа традиција трае. Тој објаснува дека низа фактори доведуваат до тоа да има пад на наталитетот.

„Во мојата нова книга која ја пишувам, се вика „Градби“, според моите истражувања, во Битола има 1.000 станови кои се напуштени, празни, руинирани. Точно е дека во Битола наталитетот е драстично намален. Тоа се должи на иселувањето, малку брачни заедници кои се склучуваат, но и распаѓање на брачните заедници“, додава хроничарот.

Битола беше трет по големина град во Македонија според бројот на жители, додека по површина е втор. Но, на следниот попис можно е да падне подолу на листата според бројот на жители.

Природен прираст од -43 во последното тромесечје од 1019 година имало во Штип, -81 во Прилеп, -35 во Кичево. 

Сања Атанасовска

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца