03 Мај, 2024
0.1318

Заев: Не може да има дивоградби во Охрид, да гради кој каде сака на Матка

Објавено во: Македонија 03 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната партиска прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека албанската заедница во македонија треба да биде застапена барем со 12-13 пратеници во владеачкото мнозинство по изборите на 12 април.

Ова лидерот на владеачката партија го одговори на прашањето дали во иднина планира да коалицира со ДУИ дури и ако СДСМ во коалиција заедно со БЕСА освои барем 51 пратеник што ќе биде доволно да се формира Влада.

- Влада може да се формира со 61 пратеник но ќе биде потребно стабилно мнозинство. Ќе се отвораат важни теми во реформите и економијата во наредниот мандат. Етничките заедници треба да бидат соодветно застапени, рече Заев.

Алудирајќи на ДУИ, повика партиите да ја зголемат свеста за одговорност пред граѓаните и да не ги прават грешките од минатото.

Опциите на изборот треба да бидат согласно вредности и принципи. Граѓаните очекуваат партиите да се менуваат, да се подобруваат. Затоа многу чесно зборувам за работи кои се проблематични во општеството. Како што ни замерувале нам и ние сме се труделе и сме се промениле, сме давале одговори и сме правеле се да ги корегираме работите, тоа го очекуваме од партнерите во коалицијата и од идни коалиции кои би ги направиле. Не може да дозволиме дивоградби кој каде сака во Охрид, или дивоградби на Матка, не може да нема одговорност и отчетност за важните проблеми, рече Заев.


Како незаконски спроведена постапка, која Централниот регистер треба да ја коригира веднаш, бидејќи не постои одлука на Советот на општина Чаир го оцени денеска лидерот на СДСМ преименувањето на две училишта во општина Чаир, за што вчера на својот Фејсбук профил инфомираше министерот за образование Арбер Адеми.

Адеми на Фејсбук објави дека се променети имињата на две училишта во Чаир  – „Никола Вапцаров“, кое сега се вика „Исмаил Ќемали“ и „Рајко Жинзифов“ кое сега е „Имри Елези“. Тој во постот напиша дека ги потпишал потребните акти со што конечно завршило прашањето за именувањата на училиштата во Чаир.

-Со записник на некој си училишен одбор надвор од законските прописи е спроведена одлуката и доставени се материјалите. Ги повикувам институциите да постапат по закон.  Законодавецот предвидел како се менува назив на училиште и тоа го одлучуваат граѓаните преку своите претставници, рече Заев.



Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите