19 Мај, 2024
0.0284

ФОКУС НА ДЕНОТ: Нови цени на горивата, што договорија Заев и Ахмети?

Објавено во: Македонија 21 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Растот на нафтата на светските пазари е во вис а тоа влијае и врз одликата на македонските дистрибутери кои секој понеделник одредуваат цени на бензините и на дизелот. 

Освен цената на нафтата на светскиот пазар во нивната вкупна цена се вкалкулирани и дополнителните трошоци за носење на дериватите, давачките за транспорт до пумпите и трошокот за склaдирање. 

Од полноќ стана јасно дека поскапувањето на нафтата на светскиот пазар ќе ги зголеми цените на дериватите на пумпите.

Макпетрол ги извести потрошувачите дека од денеска горива на нивните бензински станици ќе се точат за поскапи цени. Имено бензините поскапеа за еден денар, а дизелот за два денари.

Реконструкција на Владата била клучната тема на средбата меѓу коалиционите партнери, Зоран Заев и Али Ахмети, но од двете партии велат дека не станало збор за конкретни имиња, туку само за концепти. 

Во соопштението од Владата се вели дека процесот на евентуални кадровски промени е отворен. На средбата е договорено дека ќе следуваат консултации во двете политички партии на чие чело се двајцата лидери, по што разговорите ќе продолжат.

Целта на овие иницијативи е обезбедување кадровски решенија за зајакнување на капацитетите на институциите, во насока на исполнување на подобри резултати на економски план и исполнување на очекувањата на граѓаните. Заев веќе најави дека на удар ќе бидат функционерите кои не покажале резултати, но и кои биле кои не ги исполниле очекувањата.

Пратеникот и претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски за во четврток ја закажа седницата на која точка на дневен ред ќе биде одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски.

Седницата е закажана за в четврток (23 мај) во 11 часот. Ќе се расправа за известувањето за Груевски кое Талат Џафери минатата недела го достави до Комисијата.

Главната обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вели дека документите од Албанија за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски преку територијата на западниот сосед во Унгарија, но вели дека тие не откриваат ништо ново.

- Јас ги анализирав, но не можев да најдам ништо ново, кое ќе нѐ внесе во работа. Таму пишува кога го поминал граничниот премин и како влегол во Црна Гора, истите информации што ги добивме од Црна Гора. Албанија не откри што бараме, како поранешниот премиер влегол во албанската држава. Исто така, нема информации или снимки за хотелот во кој престојуваше Груевски, изјави Русковска за Фокус.

Албанија претходно одби да ги даде снимките, со образложение дека тие биле избришани.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“