15 Мај, 2024
0.0325

ФОКУС НА ДЕНОТ: Ќе се постави знамето на НАТО и нови табли, морбилите ја земаа третата жртва

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Знамето на НАТО од утре ќе се вее пред зградата на македонската влада, соопштија од прес-службата за медиумите. Токму поради оваа свечена манифестација се тргнати и буквите од натписот „Влада на Република Македонија“ од фасадата за да не се совпаднат истовремено и да не делува иритантно.

„Буквите од влезот на Владата (горе) се извадени во рамки на подготовките за употребата на новото уставно име на државата. Промената е направена рано утрово бидејќи во текот на денот предвидени се подготвителни активности на платото пред Владата за церемонијата на подигнување на знамето на НАТО пред Владата“, велат од Влада.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, ги демантира информациите кои излегоа во јавноста дека расте револтот кај граѓаните и дека се исшкртани табли со новото уставно име Република Северна Македонија.

„Лажна вест е дека има исшкртани табли, новите табли не се поставени сè уште никаде“, напиша Бошњаковски на Твитер.

Нови табли ќе се поставуваат откако Владата во Службен весник ќе објави дека Грција ги ратификувала Пристапниот протокол за членство во НАТО и Преспанскиот договор.

Соседна Грција ја испрати официјалната дипломатска нота со која ја информира нашата Влада за ратификацијата на Преспанскиот договор и Протоколот за НАТО.

Следниот чекор е објавувањето во Службен весник на датумот на стапување во сила на уставните измени и закон за промена на уставното име, односно од кога и официјално Република Македонија ќе почне да се именува како Република Северна Македонија.

Во Скопје починало тринаесетмесечно дете со белодробни компликации откако претходно се заразило со мали сипаници. Информацијата ја потврдуваат од детската клиника.

Вчера Министерството за здравство информираше дека починало едно дете од Свети Николе, а претходно, за жал битката со морбилите ја изгуби и шестмесечно бебе.

Можеби ќе ве интересира

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

Туристка од Аргентина пронајдена почината во хотел во Охрид

Туристка од Аргентина пронајдена почината во хотел во Охрид

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место