Лажна вест е дека има исшкртани табли, тврди Бошњаковски
Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2019
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, ги демантира информациите кои излегоа во јавноста дека расте револтот кај граѓаните и дека се исшкртани табли со новото уставно име Република Северна Македонија.
„Лажна вест е дека има исшкртани табли, новите табли не се поставени сè уште никаде“, напиша Бошњаковски на Твитер.
Нови табли ќе се поставуваат откако Владата во Службен весник ќе објави дека Грција ги ратификувала Пристапниот протокол за членство во НАТО и Преспанскиот договор.
Претходно во дел од медиумите се појави информација дека револтирани граѓани ги исшкртале новите табли.