ФОКУС НА ДЕНОТ: Хан бара борба со корупцијата, по пресот упатена е закана до Заев
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2019 20:31
Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување, денеска во Скопје порача дека сите политички страни треба да работат посветено во борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и во правец на правната заштита на економските инвеститори, пред Македонија да добие Датум за преговори од страна на ЕУ во октомври. Ова дипломатот го порача по аферата „Рекет“ и отворањето на случајот на јавното обвинителство откако стана јасно дека крупни бизнисмени биле уценувани.
„Дојдов во Скопје да разговарам за рефоирмите, особено за последните настани кои се развиваат. Блиску сте да направите голем чекор во октомрви. Мотото „мал чекор за човекот, но голем за човештвото“ може да важи за Северна Македонија. Сите политички страни треба да продолжат да работат заедно на владеењето на правото против корупцијата и организираниот криминал. Мора да имате институции на кои треба да им се верува. Мора да функционира и правниот систем за економските инвеститори. Така се зголемува атрактивноста за странски инвестииции, колку е подобро судството толку е поголемото привлекувањето за странските инвестииции. Покрај тоа, на тој пат постои и регионална одговорност не само државна“, порача Хан на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.
Вели дека овој пат е многу комотен ако го прашате дали Македонија ќе добие датум за преговори во октомври и дека земјата ќе добие зелено светло и веднаш ќе го започне процесот со отворањето на поглавјата.
„Сите политички партии да најдат што е можно побрзо решение. Канцеларијата на СЈО успоешно да се интегрира во редовното јавно обвинителство. Сите да се фокусираат на октомври. Постојат можности, но постојат и одговорности“, додаде Хан за делот кој се однесува за судбината на Специјалното јавно обвинителство.
Заев очекува во октомври ЕУ да си го оддржи зборот и да се заокружат реформските процеси. особено во правосудсниот систем со новиот закон за јавно обвинителство.
По пресот со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, денеска премиерот Зоран Заев добил закана на социјалните мрежи и ја пријавил во полиција.
„Само куршум за тебе копиле, кој со мерак ќе ти го свирнам без око да ми трепне“, гласела пораката која Заев ја прочита од својот мобилен телефон пред пратениците во Собранието.
Заев рече дека коментарот во порака му го испратила неговата ќерка.
Премиерот изјави дека се знае идентитетот на човекот, кој коментирал, а случајот е пријавен во МВР и како што рече ако законот утврди одговорност тој треба да си ја сноси.
Обвинителот на новото обвинителство да се избира со Бадентер, бараат од Демократската Унија за интеграција.
Пратеничката група на ДУИ бара обвинителот на новото споено обвинителство Советот на обвинители да го избира со двојно Бадентерово мнозинство. Во однос на резервата што беше искажана за предлогот на премиерот Зоран Заев обвинителката Вилма Русковска да биде прв човек на обвинителството, претеникот Артан Груби вели дека немаат резерва.
„Работа на Советот на обвинители е да избира обвинител, не е работа на Ахмети, Груби, Џафери. Па зашто да не е и Албанец новиот обвинител“, вели тој.
Груби појасни дека барањето за Бадентер на темелат на претходното решение кога обвинителот на СЈО, Катица Јанеца беше избрана со такво, двојно мнозинство.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ДВЕ ЛИЦА ФАТЕНИ ГО ГОЛЕМА КОЛИЧИНА АЛАТ БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА: завршија во затвор, а робата им е одземена
НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ДЕНОВИВЕ - температурите над просекот, еве ги деталите
„Едвај завршиле гимназија, а купиле факултетска диплома“: Најчевска со нова критика и прашање до јавноста на социјалните мрежи
Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?
Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето
„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите
Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии
Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“
Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец





