ДУИ има свои услови за избор на новиот обвинител
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2019 16:10
Обвинителот на новото обвинителство да се избира со Бадентер, бараат од Демократската Унија за интеграција.
Пратеничката група на ДУИ бара обвинителот на новото споено обвинителство Советот на обвинители да го избира со двојно Бадентерово мнозинство. Во однос на резервата што беше искажана за предлогот на премиерот Зоран Заев обвинителката Вилма Русковска да биде прв човек на обвинителството, претеникот Артан Груби вели дека немаат резерва.
„Работа на Советот на обвинители е да избира обвинител, не е работа на Ахмети, Груби, Џафери. Па зашто да не е и Албанец новиот обвинител“, вели тој.
Груби појасни дека барањето за Бадентер на темелат на претходното решение кога обвинителот на СЈО, Катица Јанеца беше избрана со такво, двојно мнозинство.
„Сега бараме интервенција во новиот закон за Јавно обвинителство, а тоа му го соопшти Али Ахмети и на еврокомесарот Јоханес Хан. За оваа бараме поддршка од сите партии, особено од албанската опозиција“, рече Груби.Од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Панчевски го спомнаа како човек кој би можел да биде наследник на Катица Јанева.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани
Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии
„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов
Георгиевски: Министерот во 2012 година не ја потпиша дозволата за „Пулс“, Обвинителството ја погрешило адресата
Орце Ѓорѓиевски: Кисела Вода не и плаќаше на „Лајка“ зошто не ја добиваше услугата
Мицкоски: Нека најдат Филипче, Фрчкоски и Жерновски еден мигрант од договор и трајно ја напуштам политиката
ПРЕТРЕСИ ВО ЧАИР, АРАЧИНОВО, ЧЕНТО: Се бараат докази за дела поврзани со дрога и оружје
МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ - поранешниот министер се гони за злоупотреба на службена дејност
„Совеста ми е апсолутно чиста“, вели ексдиректорот на ДЗС Џафероски, обвинет за пожарот во „Пулс“





