19 Мај, 2024
0.0305

ФОКУС НА ДЕНОТ: Додека чекаме „метла“ или ветинг, познати советниците на Пендаровски

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Професорот Денко Малески е назначен за надворешен соработник во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Неговото име се споменуваше како кандидат за претседател на Македонија на последните избори, но неговата желба да биде номиниран и од власта и од опозицијата не се оствари.

Гоце Карајанов, кој во 2014-та беше назначен за амбасадор во Москва, се враќа како советник за надворешна политика во кабинетот на Пендаровски.

Билјана Радева е прес офицер, Бљерим Кољари е советник за национална безбедност, Александар Спасов е надворешен советник за внатрешна и надворешна политика, Биљана Мицевска е шефица на протокол, Катерина Цаневска е советничка за медиуми, Љуљета Адеми е советничка која ќе ја води комуникацијата со лица со посебни потреби.

Надворешни советници покрај Денко Малески, се уште и Александар Димитров и Александар Тавчиоски за надворешна политика, а Мирјана Лазарова Трајковска и Беса Арифи за правни работи.

Штом ќе ги донесам одлуките ќе ги соопштам, немам намера да лицитирам со имиња, изјави премиерот Зоран Заев коментирајќи ја изјавата на Артан Груби од ДУИ, кој претходно денеска порача дека ветингот на ДУИ нема врска со „метлата“ на Заев.

Вели дека сите коалициони партнери имаат право да даваат коментари. 

„Ваквата рашомонијада од изјави која можеме да ја слушнеме од одредени високи функционери на ДУИ на крајот ќе биде поткрепена, па ќе видиме која е таа вистина за која зборуваме. Кога ќе ги дадам предлозите за промени во парламентот, Груби заедно со нивната пратеничка група ќе може да се изјасни. Затоа имав средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, за да знаат кој чекори ќе ги превземам, а во партијата да си ги разгледаат кои одлуки ќе ги донесат“, изјави Заев

Еролд Муслиу е назначен за директор на Агенцијата за разузнавање од страна на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски кога истовремено и Блерим Колари е назначен за советник за безбедност.

Муслиу завршил Факултет за безбедност во Скопје како еден од најуспешните студенти и на почетокот од 2018 беше еден од кандидатите за директор на Управата за безбедност и контраразузбавање. Муслиу по дипломирањето веднаш бил вработен во 1994 година во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и постепено напредува по скалилото на хиерархијата како исклучително посветен и висок професионалец. Со формирањето на Агенцијата за разузнавање, тој преминува да работи како разузнавач

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“