26 Април, 2024
0.0310

ФОКУС НА ДЕНОТ: Техничкиот премиер се обрати до јавноста, Јанева останува во куќен притвор

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Оливер Спасовски, техничкиот премиер на Македонија, денеска на новинарско прашање рече дека има друг состав на обезбедување кое се грижи за неговата безбедност во однос на претходното кога бил министер за внатрешни работи. Потврди дека не е ниту тоа кое го обезбедувало претходниот премиер Зоран Заев, туку сам го одбрал по своја проценка.

Според Спасовски, тоа не е како резултат на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев кој ги укина неговите претходни наредби и распореди телохранители во други организациони единици во Министерството за внатрешни работи. Теничниот шеф на Владата очекува дека оваа ситуација ќе биде надмината денеска во МВР.

- Институициите да продолжат да функционираат нормално на одржувањето на безбедноста и стабилноста. Знаеме дека примарна задача е да продолжат да функционираат проектите и програмите и да се организираат фер и демократски избори. Телата да не излегуваат надвор од рамките на Зкаонот на Влада и да не се нарушува функционирањето на институциите и да нема своеволно толкување на законите. Посебно да се внимава особено за МВР. Очекувам сите овие недоразборања да бидат надминати. Недоволното познавање да не направи да се потпишува секакви одлуки. Да не ги замараме граѓаните за тоа кој какви возила има. Тоа е последен приоритет за граѓаните. Директорот на Бирото за јавна безбедност да ја согледа реалноста и очекувам да се затвори денеска ова прашање. Да, точно е дека не е истото обезбедување.Тоа се луѓе кои што јас сум ги избрал и проширен е состаот, рече Спасовски.

Тој на денешната прес-конференција рече дека средбата со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во Истанбул била на иницијатива на Владата и дека комуникацијата со Цариградската Патријаршија ќе продолжи и понатаму.

Апелациониот суд ја одби жалбата на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева со која таа бараше да се брани од слобода.

Јанева останува во куќен притвор. 

На наредното рочиште за случајот „Рекет“, е предвидено да сведочи обвинителката Лиле Стефанова. На 20 јануари треба да се одржи следното рочиште

Да се забрани греењето на дрва, и да престане да се користи јаглен, нафта и мазут. На овој начин дека независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека ќе се намали загадувањето

Емил Јакимовски е во една скопска полициска станица и дава исказ, потврдија од Министерството за внатрешни рабои за Фактор. Јакимовски е повикан поради пријавите за заканите кои тој ги испраќал до повеќе лица.

По повод Новогодишните и Божиќните празници, но и во период додека трае зимскиот распуст, во Крушево се бара кревет повеќе за сместување на туристи.

Ова го потврдуваат и од општината, иако засега не ги сумирале податоците колку гости имало за празниците. Велат дека Крушево е полно со домашни гости.

Долги години наназад ја гради својата професионална кариера во УНИБанка, а во јуни минатата година беше назначена на врвната позиција – Претседател на Управниот одбор. Овој професионален врв за неа ќе биде и чест и предизвик, да ги постигне амбициозните цели на банката и таа да влезе во групата на големи банки

Министерството за финансии го објави огласот за субвенционирани станбени кредити за годинава. Граѓаните кои сакаат да аплицираат може да купат нова стан во кој државата ќе им покрива дел од месечната рата од кредитот или дел од учеството за кредитот на барателот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“