Оливер Спасовски: Имам ново обезбедување, но јас го одбирав
Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2020
Оливер Спасовски, техничкиот премиер на Македонија, денеска на новинарско прашање рече дека има друг состав на обезбедување кое се грижи за неговата безбедност во однос на претходното кога бил министер за внатрешни работи. Потврди дека не е ниту тоа кое го обезбедувало претходниот премиер Зоран Заев, туку сам го одбрал по своја проценка.
Според Спасовски, тоа не е како резултат на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев кој ги укина неговите претходни наредби и распореди телохранители во други организациони единици во Министерството за внатрешни работи. Теничниот шеф на Владата очекува дека оваа ситуација ќе биде надмината денеска во МВР.
Чулев претходно потпиша телеграма доставена до сите организациски единици во МВР, со која ги известу раководителите на организациските единици дека наредбите донесени согласно член 154 од Законот за внатрешни работи, со кои на работниците им се наредува да извршуваат задачи во други организациони единици, престануваат да важат, со што тие треба да се вратат на старите работни места.