17 Мај, 2024
0.0277

ФИНСКА НУДИ ШАНСА: Најсеверната членка на еврозоната бара илјадници работници

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Населението на земјата која важи за една од најсреќните во светот старее со “брзина на светлината“ па тамошните власти се обидуваат да најдат нови жители кои ќе помогнат за исплата на се поголемиот број пензионери.

Уредувањето на пазарот на труд најверојатно ќе биде главно прашање на парламентарните избори во Финска кои ќе се одржат на 14 април, а според извештајот на државната агенција објавен во понеделникот во кој се истакнуваат клучни предизвици во наредниот период, новата влада ќе мора да најде начин да ја зголеми стапката на вработеност на 75 отсто од сите работно способни Финци до 2023 година и на 80 посто потоа, пренесува Блумберг.

Како се наведува, моменталната стапка е 72 отсто, што одговара на цел која во 2015 година ја поставил сегашниот премиер Јуха Шипила и која тогаш изгледала како достижна.

Во тоа време само 68 отсто работно способни Финци имале работа, а земјата се опоравувала од тригодишниот економски пад, втор по рецесијата која почнала во 2008 година.

Денес 140 000 луѓе повеќе имаат работа во однос на периодот кога Шипила стапил на должност но уште околу 150 000 нови работници ќе бидат неопходни за најсеверната членка на еврозоната да го одржи својот систем на социјална помош.

-Финансирање на нашиот нордиски модел на благосостојба , кој не прави најсреќна земја во светот со невројатно висок животен стандард, зависи од се повисоката стапка на вработеност-изјавил Аки Кангашари, главен економист од Нордиската банка и додал дека Финска мора да обезбеди „секој кој може да работи да има работа“.

Глобалниот економски раст исто така генерирал вработување, но тој тренд наскоро ќе исчезне со оглед на бавниот раст на најголеми економии во светот.

Решението Кангашари го гледа во уште подлабоки реформи на пазарот на труд кои би можеле да го зголемат број на слободни работни места.

Освен тоа, Финците би можеле да се подготват и на одредено затегнување на ременот.

-Ако не постигнеме поголема вработеност, ќе мора повеќе да штедиме, односно да ги кратиме трошоците во јавниот сектор, што повторно ќе доведе до помали приходи од даноци и поголеми трошоци за невработени-рекол Кангашари .



FOTO: RAS SRBIJA

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија