Филипче: Во 12 градови каде имаше заболени, веќе нема активни случаи
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Мај, 2020
Во 12 македонски градови, нема заразени со Ковид 19.
Заклучно денеска во 12 градови каде имаше заболени, веќе нема активни случаи на Ковид-19, напиша на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.
„Во следниот период очекуваме стабилна и мирна состојба во однос на епидемијата. Бидејќи капацитетите за тестирање се растеретени, од утре почнуваме со масовен скриниг – започнуваме со вработените во детските градинки“, напиша Филипче.
Во Македонија во фази ќе почне олабавувањето на мерките.Филипче повика и понатаму да се почитуваат мерките за заштита.