Филипче: Пет се позитивни од 30 тестирани од Кожната клиника

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Март, 2020
Пет се позитивни од 30 тестирани од Кожната клиника, oбјасни министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција.
Сите кои беа во изолација ќе бидат тестирани во етапи.
„Од Клиниката за кожни болести има пет дијагностицирани, тие се асимптоматски, и сметаме дека тоа е добро“, вели министерот.
Тие беа изолирани откако стана јасно дека екс директорката Нина Цаца Билјановска пет дена одела на работа откако се заразила во Италија. Таа брзо беше разрешена од позицијата директор.
Во Македонија бројот на заразени порасна на 177.
Досега од коронавирусот починаа три лица, жена од Куманово, маж од Дебар и третата жртва е жена од Дебар.
Заразените деца како што соопшти Филипче се во добра состојба.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почнува првата фаза од пописот, оние кои се во странство може да се самопопишат

Георгиевски советува како да се реши македонско - бугарскиот спор

Заев повторно се бори за лидер на СДСМ, над 80.000 членови ќе можат да гласаат

Куќен притвор за малолетникот кој со автомобил го удри Јота

Најмладиот починат од коронавирус е 43 годишен пациент од Делчево

Во неколку градови порасна бројот на хоспитализирани поради коронавирусот
