Филипче: Од тестирани 12, позитивни се 6
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Март, 2020
Mинистерот за здравство, Венко Филипче вечерва на прес-конференција изјави дека се тестирани 12 луѓе, од кои позитивни се 6.
Има една пациентка која се вратила од Барселона, а за сите други патници од авионот дадена е наредба за изолација. Жената е од Скопје.
Другите заболени се од Дебар.
Следните денови ќе биде зајакнат кадарот во болницата во Дебар.
Граничниот премин на аеродромот Свети Апостол Павле за 48 часа ќе се затвори.
Сите продавници во моловите да се затворат, освен маркети, продавници за храна и аптеки, бара Владата.
Се забранува целосно работа на кафетерии, барови, клубови и спортски обложувалници.