Филипче: Немаме информации дали Сашо Мијалков контактирал со епидемиолози за неговата здравствена состојба
Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2021
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека Министерството за здравство нема информации дали екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков контактира со епидемиолози околу неговата здравствена состојба, односно дали е евентуално позитивен на короновирусот.
Како што е познато, Мијалков вчера, пред самиот да се пријави во обвинителството, откако претходно го бараше цела држава, а за него се распиша и меѓународна потерница, рече дека бил отсутен затоа што бил во самоизолација, односно имал температура од 40 степени, и се сомневал дека е болен од коронавирусот.