02 Мај, 2024
0.0305

Филипче: Луѓето се надвор, па и покрај контактите и прекршувањата на мерките, помала е веројатноста вирусот да се пренесе

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Има неколку причини зошто имаше во претходните денови намален број заразени и помалку пациенти кои се на болничко лекување, рече министерот за здравство Венко Филипче, во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија. 

„Прво, сепак се луѓето надвор, и покрај тие интензивни контакти и прекршувања на правилата и мерките, помала е веројатноста вирусот да се пренесе. Затоа и стравуваваме од есенскиот период, кога луѓето ќе бидат во затворените простории.

И втората работа, тоа е нашиот пристап за интензивно тестирање, што значи дека се тестираат и контактите на заболените луѓе, што значи навреме да се откријат сите тие кои што се евентуално асимтоматски носители. Најверојатно 30 отсто од вкупниот број се асимптоматски носители. Тоа ни овозможува да имаме целосен увид во епидемијата. 

Се уште не мислам дека намалените бројки се тренд. Значи, се намалуваат бројките, но не така нагло. Некои лаборатории за викенд не работат. Значи, добро е тоа, но не очекуваме нагол пад, значи сметам дека тие мали бројки беа исклучок“, рече министерот Филипче во своето телевизиско гостување.  

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање